Проданоски: Време е да им кажеме „благодарам“ на најдобрите во образованието и детската грижа

Проданоски: Време е да им кажеме „благодарам“ на најдобрите во образованието и детската грижа

пред 2 часа

Општина Прилеп ги објави јавните повици за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта, најдобар наставник во средните општински училишта, како и за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп.

Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека вложувањето во образованието и воспитувањето претставува едно од најзначајните вложувања за иднината на секое општество.

„Преку овие награди, Општина Прилеп сака да им оддаде признание на оние кои секојдневно, со знаење, посветеност и одговорност, работат со нашите деца и го обликуваат нивниот развој“, посочи Проданоски.

Тој нагласи дека наставниците, воспитувачите и негователите не се само пренесувачи на знаење и грижа, туку личности кои оставаат трајна трага во животот на младите генерации, поттикнувајќи ги да учат, да напредуваат и да станат одговорни и успешни луѓе.

Според него, преку јавните повици ќе се препознаат и вреднуваат резултатите, професионалноста, креативноста и посветеноста во работата на воспитно-образовниот кадар, како и нивниот придонес во унапредувањето на воспитно-образовниот процес во општината.

Проданоски ги повика сите наставници, воспитувачи и негователи кои ги исполнуваат условите да се пријават и да бидат дел од процесот на избор и вреднување на најдобрите во својата професија.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Општина Прилеп.

Јавен повик за најдобар наставник:
https://www.prilep.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za-dodeluvanje-nagradi-za-najdobar-nastavnik-vo-oddelenska-i-predmetna-nastava-vo-opshtinskite-osnovni-uchilishta-i-najdobar-nastavnik-vo-srednite-opshtinski-uchilisht/

Јавен повик за најдобар воспитувач и најдобар неговател:
https://www.prilep.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za-dodeluvanje-nagradi-za-najdobar-vospituvach-i-najdobar-negovatel-vraboteni-vo-joudg-nasha-idnina-prilep/ 

Share
Scroll to Top