Црногорскиот рапер Нигор вторпат се ожени со сопругата

Црногорскиот рапер Нигор вторпат се ожени со сопругата

пред 3 години

Црногорскиот рапер Игор Лазиќ, познат како Нигор, вторпат се ожени со својата сопруга Сузана. Тој веста ја објави на социјалните мрежи и напиша дека со Сузана сакале да ги обноват брачните завети.

„Вторпат ѝ се заколнав на вечна љубов на истата жена“, напиша тој.

Нигор и Сузана се заедно десет години, а се венчаа 2015 година. На интимната венчавка, која се одржа на триесеттиот роденден на Сузана, тогаш присуствуваа само кумовите и неколку блиски пријатели. Овој пат, на церемонијата биле тие и сведоците.

Нигор во јавноста е најпознат по песната „Сол и текила“, ни и по соработките со Владо Георгиев и Гру.

https://www.youtube.com/watch?v=AWD416NTNKE

Share
Scroll to Top