Професор од Харвард предупредува дека вонземјански објекти се доближуваат кон Земјата

Професор од Харвард предупредува дека вонземјански објекти се доближуваат кон Земјата

пред 3 години

ретседателот на одделот за астрономија на Универзитетот Харвард, Ави Леб, тврди дека вонземјанско парче технологија пред неколку години поминало близу до нашата планета и најави дека слични објекти може да се појават во Сончевиот систем во блиска иднина.

Во својата сè уште необјавена книга „Вонземјанин: Првиот знак на интелигентен живот надвор од Земјата“, научникот вели дека мистериозен објект наречен Оумуамуа („извидник“) дошол од правецот на Вега, влегол во орбиталното подрачје на Сончевиот систем на 6 септември 2017 година и летал еден месец близу Земјата, „движејќи се брзо кон со совездието Пегаз и пошироко“.

Иако е долг само околу 100 метри, се верува дека тој е првиот меѓуѕвезден објект некогаш откриен во нашиот Сончев систем.

Според Леб, тоа не било обична комета, туку дел од фрлена технологија од вонземска цивилизација. Тој посочи на необична форма, слична на пурите, која што не е типична за нормални вселенски објекти и додава дека таа е „невообичаено светла и барем „десет пати посветла од типичните камени астероиди или комети на Сончевиот систем“.

Сепак, она што го натера Леб да тврди дека станува збор за вештачки објект е неговата необична траекторија во близина на нашата планета. Наместо да забавува додека се оддалечува од Сонцето, Оумуамуа забрзала „малку, но статистички во многу значајна мера“, напишал научникот.

„Ова е можно за кометата, бидејќи топлината на ѕвездата ослободува замрзнати гасови од нејзината површина, кои делуваат како ракетен мотор, но во тој случај, Оумуамуа требаше да остави препознатлива опашка“.

Тој претпоставува дека објектот можеби бил сонда во форма на диск или парче „вселенски остатоци“ ослободени од вонземски суштества.

„Единствениот начин да се бараат вонземски цивилизации е да се бара нивното ѓубре, како истражувачки новинари кои копаат во ѓубрето на познати личности“, вели Леб.

Непознатиот вселенски објект го забележал најмоќниот телескоп на планетата, телескопот Панорамски слики и системот за брзи реакции (Пан-СТАРРС) на Хаваите.

Професорот предвидува дека слични сценарија ќе се повторат и во иднина и дека во Сончевиот систем ќе се појават други фрлени објекти на вонземска технологија.

Share
Scroll to Top