Путин за Нова година во друштво со семејството и пријателите

Путин за Нова година во друштво со семејството и пријателите

пред 3 години

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека Новата година планира да ја помина со најмилите и да го слуша своето новогодишно обраќање до нацијата.

„Ќе седам со семејството ќе ја славам Нова година и ќе го слушам претседателот“, рече Путин за телевизијата Русија-1.

И портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков претходно рече дека Путин за Нова година традиционално ќе ја дочека во друштво на семејството и пријателите. Тој рече дека празничниот ден за него ќе биде работен и дека Путин ретко има време за новогодишните празници.

„Мислам дека Путин првите неколку дена, како и сите останати ќе го искористи за одмор. Иако, не може да има одмор во целост“, рече Песков и објасни дека шефот на државата мора постојано да работи, особено сега кога ситуаицјата во Европа е загрижувачка.

Share
Scroll to Top