Шефот на украинската воена известувачка служба, мајорот Кирило Буданов, рече дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно има тројца двојници. Сите биле подложни на пластични операции за да личат на него. Буданов смета дека сите тие се во игра, особено сега кога Путин ја губи контролата во Кремљ.
Некои шпекулираат дека боледува од Паркинсонова болест или дека можеби има и рак. Во интервју за Mail on Sunday, Буданов рече дека украинската тајна служба ги открила двојниците на Путин, кои досега го имаат сменето во неколку прилики и дека замените станале вообичаена пракса.
„Знаеме конкретно за три лица кои непрекинато се појавуваат место него, но не знаеме точно колку ги има. Вистинскиот Путин можеби повеќе и не постои“, рече Буданов.