Радиски водител го навреди кралот Чарлс нарекувајќи го вампир, а крунисувањето одвратно

Радиски водител го навреди кралот Чарлс нарекувајќи го вампир, а крунисувањето одвратно

пред 2 години

Радискиот водител, Хауард Стерн, е познат како човек без влакна на јазикот, а својот имиџ го потврди во една неодамнешна емисија кога на кралот Чарлс му се обрати со навредливи зборови.

Во својата емисија овој понеделник водителот го коментираше крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила. Тој ја нарече кралската двојка вампири и изјави дека Англија мора да се собере себеси.

„Разбирам дека добиваат пари од туризмот, но Исус Христос. Прво, кралот Чарлс е п***а. Тоа е број еден. А луѓето се однесуваа на целата церемонија како овој е*** човек да отиде во војна или нешто слично, а потоа да ги претепа сите други луѓе“, рекол водителот.

Тој објасни како се потрошени милиони за крунисувањето, додека во исто време земјата е во голема економска криза.

„Беше одвратно и ќе ви кажам зошто е одвратно. Не треба да си неврохирург за да го кажеш тоа, но Англија има свои економски проблеми и тие потрошија цело богатство на тоа крунисување“, рекол Стерн.

Водителот призна дека разбира како кралското семејство носи туристи во Велика Британија.

„Не сум наивен. Разбирам дека открија дека монархијата носи туристи и нешто што луѓето можат да го видат, тоа е дел од туризмот, јас го разбирам сето тоа, не сум наивен. Но, тоа само испраќа погрешна порака“, објаснил радискиот водител на емисија.

Share
Scroll to Top