Ракописот на Ајнштајн продаден на аукција во Париз за 13 милиони долари

Ракописот на Ајнштајн продаден на аукција во Париз за 13 милиони долари

пред 3 години

Редок ракопис со пресметки кои довеле до општата теорија на релативност, на Алберт Ајнштајн е продаден за повеќе од 13 милиони долари на аукција во Париз. Со оваа продажба, ракописот на славниот научник стана најскап во историјата.

Првично се очекуваше дека документот од 54 страници ќе биде продаден за 2 до 3 милиони долари, но, на аукцијата постигна значително повисока цена. Аукциската куќа „Кристи“ не сака да открие кој е купецот, јавуваат светските агенции.

Ракописот го чувал швајцарско-италијанскиот инженер Мишел Бесо, кој работел на пресметките со Нобеловецот. Во него се наоѓа трудот кој помогнал да се дојде до познатата теорија на Ајнштајн за релативеитет, која продолжила да го обликува начинот на кој ја набљудуваме вселената, откако за првпат е претставена на 25 ноември 1915 година и која засекогаш ги промени нашите сваќања за гравитацијата.

Аукциската куќа го опиша овој ракопис како еден од најважните научни документи на 20 век. Страниците се исполнети со раширени пресметки и прецртани симболи, воглавно испишани со мастило. Бесо го држел ракописот во беспрекорна состојба во својот дом до неговата смрт во 1995 година.

 

Share
Scroll to Top