Вчеравечер Ранко Бубамара објави фотографии од каранболот на угорницата во нaселбата Трнодол, каде се судриле пет возила, а тој паднал на глава и изгубил свест. Сето ова зардаи како велат трнодолци неисчистениот снег.
„Другари вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи од градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев, кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија, за вчеа да станат опасна ледена лизгалица. Иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.
Околу 19 часот 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот , веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии , тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм) , не се сеќавам баш на се , но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии , лесно ме освестиле , дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.
Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на неспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.
За крај, да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде“, пишува Ранко Бубамара.
Градоначалникот Стефан Богоев пак бјави на својот фесбук фотографии како се чиси снегот и вели : За да бидеме безбедни треба сите да користиме зимска опрема, да бидеме одговорни, а секако и службите да делуваат. Во овие моменти, зимската служба распрскува сол во сите населби. Се работи во повисоките делови: Жданец, Трнодол, Козле (долж „Ловќенска”) и Бардовци.
Механизацијата делува и во подолните населби, во урбаното јадро. Утре, продолжуваме со чистење на пофреквентните зони: пред градинки и основни училишта, маркети, аптеки и сл.