Раперот Дрејк изгуби половина милион долари на кладба во борби

Раперот Дрејк изгуби половина милион долари на кладба во борби

пред 2 години

Канадскиот рапер Дрејк изгуби околу половина милион долари кладејќи се на ММА борби. Дрејк се кладел на победа на Бразилецот Хозе Алдо и Нигериецот Камара Усман, но и двајцата изгубија.

dobivaj vesti na viber

Дрејк остана без 200.000 долари, а потоа вложил уште 230.000 долари на Усман кој го изгуби шампионскиот појас од Леон Едвардс.

Ова не е првпат Дрејк да погреши во проценките. Познат е по неговата клетва. Во март се обложил 275.000 долари на Јорге Масвидал во борбата против Колби Ковингтон. Кобингтон го победи противникот во овој меч.

Два месеци подоцна, Дрејк се кладел на аутсајдерот и вложил 400.000 долари за победа на Џастин Гатхеј над Чарлс Оливер, но Гатхеј беше поразен уште во првата рунда.

Дрејк се проба и во Формула 1, кога се кладеше на победа на Чарлс Леклер за Големата награда на Шпанија. Леклер мораше да се повлече од трката поради дефект на моторот, откако стартуваше од пол позиција. Раперот остана без 220.000 долари.

 

Share
Scroll to Top