Популарниот британски глумец Џон Чалис, познат како Рене од серијата „Ало, Ало“, по настапот на Евровизија им порача на девојките од групата „Ураган“, Ксенија, Сања и Ивана, дека биле ограбени.
„Дами жал ми е, но, вие сте ограбени“, им порачал Рене. Сепак и понатаму сте 102 гласа подобри од Обединетото Кралство“, напишал тој на „Твитер“.
Српските претставнички, на крајот завршија на 15. место, но, Рене смета дека тие заслужуваат многу повеќе. Тој уште во втората полуфинална вечер во четвртокот, сподели фотографии од нив трите.
„Ви реков уште тогаш. Каква земја. Србија ќе биде горда вечерва“, напишал Рене.
За потсетување, глумецот минатата година дојде во Србија каде снимаше документареф филм, во кој се истражуваше феноменот на популарност на серијата „Сплетки“, серија со која исто така се прослави.
„Се чувствував како поп-ѕвезда, беше сјајно“, изјави тогаш Џон.