Рецепт за пилешко во сос од кашкавал

Рецепт за пилешко во сос од кашкавал

пред 1 година

Состојки:
400 гр пилешко месо, 3 лажици брашно, 1 лажица сусам, сол, бибер, 30 гр путер, малку маслиново масло, 150 мл млеко, 50 гр кашкавал, сув зачин од билки и магдонос

Подготовка:
Пилешкото месо исечкајте го на ситни коцки, па веднаш измешајте го со сувите билки, биберот, брашното и сусамот.

Загрејте ги путерот и маслото, па додадете го пилешкото и пропржете неколку минути со постојано мешање.

Кога убаво ќе се испржи пилешкото, додадете млеко, магдонос и оставете да се вари неколку минути.

Потоа додадете го ренданиот кашкавал и кога ќе се растопи тргнете го од шпоретот.

Ова јадење е одлично со салата, а можете да го користите и за правење сендвичи или да го јадете со пире од компири.

Share
Scroll to Top