Рита Ора го љуби режисерот Таика Ваитити

Рита Ора го љуби режисерот Таика Ваитити

пред 3 години

Британската пејачка Рита Ора и режисерот Таика Ваитити се во љубовна врска повеќе од еден месец откако се зближија во Сиднеј, пишуваат британските медиуми.

„Тие се пар од почетокот на март, но не сакаа да се експонираат во јавноста. Сепак, сите нивни пријатели знаат за врската, навистина се сакаат,“ рекол извор за весникот „Сан“.

Тие се забележани на повеќе места низ Сиднеј последните неколку недели. Рита во Сиднеј го снима шоуто The Voice Australia, а Ваитити  го режира „Тор: Љубов и гром“.

Засега, ниту Ора ниту Ваитити не ја потврдиле нивната љубовна врска.

Share
Scroll to Top