Поп-пејачката Рита Ора и режисерот Таика Ваитити се венчале на тајна церемонија во Лондон по повеќе од една година врска. Британската пејачка со косовско потекло веќе го променила презимето и отсега ќе биде Ваитити-Ора, тврдат светските медиуми. Папараците ги фотографирале со златни прстени на рацете, по што почнаа шпекулациите дека веќе се венчале.
„Тоа беше многу интимна и супер специјална церемонија. Иако е јавна личност, Рита е посветена да го чува својот приватен живот што е можно повеќе и затоа не сакаше венчавката да биде голема вест“, изјавил извор близок на двојката за „Сан“.
Ора и Ваитити ја почнаа врската во март 2021 година, а се свршија пред два месеца. Тогаш најавија дека ќе имаат две свадби, едната во Лондон, другата во Сиднеј.