Ричард Донер на 90 години ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

Ричард Донер на 90 години ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

пред 3 години

Режисерот Ричард Донер на 90 години ќе го режира петтиот дел на хит филмот „Смртоносно оружје“. Ова ќе биде последното појавување на Мел Гибсон и Дени Гловер во улогите на детективите Мартин Ригс и Роџер Мертау.

„Ова е последниот филм, ви го ветувам тоа. Моја привилегија и должност е да ставам крај на серијалот. Ќе биде возбудливо“, рече Донер, кој својот последен филм го сними во 2006 година.

Првиот филм на „Смртоносно оружје“ излезе во 1987 година, а од 1989 до 1998 година доби уште три продолженија. Сите четири филма ги режираше Донер.

Share
Scroll to Top