Родителите во Кина сметаат дека „Барби“, „Прасето Пепа“ и „Моето мало пони“ се опасни за децата

Родителите во Кина сметаат дека „Барби“, „Прасето Пепа“ и „Моето мало пони“ се опасни за децата

пред 3 години

Популарните цртани серии „Прасето Пепа“, „Моето мало пони“ и „Барби“ се опасни за децата, сметаат родителите во Кина. Тие се пожалија до надзорното тело за заштита на правата на потрошувачите дека овие цртани серии содржат несоодветно однесување.

Советот на потрошувачи во Џијангсу, во источна Кина, објави список со 20 серии и цртани филмови за кои тврди дека содржат однесување и јазик што се несоодветни за мали деца.

Осум од сериите се од странство, вклучувајќи ja британскaта „Прасето Пепа“ и две американски „Авантурите во куќата од соништата на Барби“ и „Моето мало пони“, со уште пет други од Јапонија, а меѓу нив е „Детективот Конан“.

Во еден пример на сцена опишана како опасна во „Прасето Пепа“, ликот Деди Пиг ја отвора вратата од авионот и паѓа од него.

Во сцена од цртаниот филм „Моето мало пони“ лик се потопува во лава.

Во „Авантурите на Барби“ има сцени на ликови што висат од хеликоптер или кошаркарски обрач, газат врз некого или паѓаат од таванот, што според извештајот на надзорното тело, е несоодветно за мали деца.

Share
Scroll to Top