Родители критикуваат наставничка од основно училиште поради провокативно облекување

Родители критикуваат наставничка од основно училиште поради провокативно облекување

пред 2 години

Учителка од основно училиште од Њу Џерси е на мета на критики од родителите поради нејзиното провокативно облекување. Додека родителите ја осудуваат наставничката за провокативна и недолична облека, учениците ја бранат и бодрат.

dobivaj vesti na viber

Како главна причина родителите ја наведуваат тесната облека која ја носела наставничката, која јасно и прецизно ги истакнувала нејзините облини и атрибути.

Наставничката која на Инстаграм ја следат повеќе од 975 илјади луѓе, на оваа социјална мрежа потпишана е како Тоибоксдолс и моментално многумина ја опишуваат како „очајна девојка која копнее за внимание“, а сето тоа поради нејзината облека.

Наставничката од Њу Џерси често објавува фотографии од училиште, најчесто пред таблата, а во преден план е нејзиниот задник. Иако се труди да не ги покажува лицата на децата, многу родители сметаат дека нејзината облека е неприфатлива. Дури и на социјалните мрежи добива пораки во кои корисниците наведуваат дека таква облека не смее да се носи додека е на работната позиција. 

„Јас сум навистина добар учител. Во текот на летото, учениците ми испраќаа пораки во кои барав домашна работа. Тие ја сакаат уметноста, а јас сакам да ги учам. Сакам да работам со деца”, изјавила наставничката.

Share
Scroll to Top