Род Стјуарт одби да настапи во Катар

Род Стјуарт одби да настапи во Катар

пред 2 години

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт откри дека одбил да настапи во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за гостувањето. Тој во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times) говореше за претстојното Светско првенство во Катар, истакнувајќи дека за него не е прифатливо да оди во таа земја.

dobivaj vesti na viber

„Пред 15 месеци ми понудија многу пари – над милион долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците исто така треба да бидат исклучени од сè, поради снабдувањето со оружје (за Русија, з.п.), изјави 77-годишниот музичар.

Претходно, комичарот Џо Лајсет јавно му порача на Дејвид Бекам дека „ќе го распарчи“ доколку спортистот не се повлече од договорот за Светското првенство во Катар. Фудбалерот наводно добил 10 милиони фунти за да биде спортски амбасадор на земјата, па беше жестоко критикуван дека „прима пари од земја во која хомосексуалноста е нелегална“, со оглед на тоа што претходно важеше за голем сојузник на ЛГБТ-заедницата. Многу навивачи се двоумат дали да присуствуваат на СП, а некои стравуваат и за својата безбедност во Доха.

И кога беше објавено дека Роби Вилијамс планира да настапи во Катар овој декември, исто така имаше бурни реакции.

Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. ФИФА побара од учесниците „да се сосредоточат на фудбалот, а не на политичките прашања“.

Share
Scroll to Top