Роман Абрамович купи нова јахта вредна 500 милиони евра

Роман Абрамович купи нова јахта вредна 500 милиони евра

пред 3 години

Рускиот милијардер Роман Абрамович купи нова јахта вредна 504 милиони евра. Сопственикот на Челзи има своја флота на јахти, со која патува постојано низ светот. Тој годинава ја купи јахтата Соларис, со два напредни електрични мотора, за која се верува дека е најсилната јахта на светот.

Новата јахта на Абрамович е долга 140 метри и има 48 кабини, базен, џакузи, спа, киносала, сала за вежбање. Гостите имаат на располагање осум палуби, вклучувајќи ја и онаа која има хелиодром.

Сепак, ова не е најскапата и најголема јахта на Абрамович. Тој ја поседува и јахтата Еклипс, која е долга 160 метри, а која во 2012 година ја купи за една милијарда фунти.

Share
Scroll to Top