Роналдо го има најпопуларниот пост на Инстаграм за 2021

Роналдо го има најпопуларниот пост на Инстаграм за 2021

пред 5 години

Порталот „Е! Online“ ја објави листата на објави кои собрале најмногу лајкови во 2021 година. На прво место се најде фотографијата на Кристијано Роналдо. Тој објави дека заедно со неговата партнерка Џорџина Родригез очекуваат близнаци, а фотографијата од крајот на октомври собра повеќе од 32 милиони лајкови.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, едвај чекаме да ве запознаеме“, напиша познатиот фудбалер со објава на која заедно со Џорџина држат фотографија од ултразвук.

Кристијано има 387 милиони следбеници, а фотографијата ја искоментираа половина милион луѓе.

На второ место се најде фотографија од венчавката на пејачката Аријана Гранде (28), каде позира со сопругот Далтон Гомез (26). Таа има 26 милиони лајкови.

На трето место е Кајли Џенер (24) која со видео ја информираше јавноста дека е бремена. Видеото е прегледано 154 милиони пати и има 24 милиони лајкови.

На четвртото место е пејачката Били Ајлиш (20). Таа лани во март ги изненади фановите со нова фризура и собра 23 милиони лајкови.

На петто место е Лионел Меси (34), кој објави фотографија по потпишувањето на договорот со францускиот фудбалски клуб ПСЖ. Таа им се допадна на 22 милиони луѓе.

 

Share
Scroll to Top