Руперт Еверет иако е хомосексуалец шест години бил во врска со мажена жена

Руперт Еверет иако е хомосексуалец шест години бил во врска со мажена жена

пред 4 години

Британскиот актер, Руперт Еверет гостуваше во познатото британско шоу, „Животни приказни“, на Пирс Морган, каде изнесе шокантни детали од својот живот.

Шеесет и едно годишниот Руперт уште во 1989 година призна дека е хомосексуалец, но сега во шоуто кај Пирс Морган, откри дека бил во љубовен триаголник со мажена жена. Еверет се гледал со телевизиската водителка Пола Јејтс, додека таа била во брак со ирскиот музичар Боб Гелдоф.

Нивната афера не била кратка, се гледале шест години, а љубовните средби биле јавна тајна, позната и на нејзиниот сопруг. Прис Морган успеал од актерот да добие еден вид исповед за неговиот однос со Пола Јејтс. Тој признал дека многу ја сакал.

Актерот познат по улогите во филмовите, „Вљубениот Шекспир“ и „Свадбата на моето момче“, уште во 2006 година за „Дејли Мејл“ потврди дека имал хетеросексуална врска, но овој пат поттикнат од прашањата на водителот, ги откри најинтересни детали.

„Мислам дека бев вљубен во Пола, а нејзиниот сопруг едноставно го игнорирав. Долго време бевме многу, многу блиски, таа е личност која ја обожував. Вистински ја обожував“, призна актерот.

Во русокосата водителка на емисиите „Тјуб“ и „Големиот појадок“, се вљубил во 1982 година. Меѓу нив љубовни искри се појавиле на вечерата, на која бил и нејзиниот сопруг, еден ден пред таа да му направи интервју за едно списание. Привлечноста била толку голема што тој го занемарил фактот дека таа е омажена. Кога Морган го прашал дали се чувствува виновен за таа афера, актерот возвратил: „Не знам, мислам дека таа беше личноста која требаше да чувствува вина, не јас“.

„Нејзината кршливост беше неверојатно привлечна. Мажите автоматски реагираа заштитнички во нејзина близина, па ни јас не можев тоа да го избегнам иако сум хомосексуалец. Имаше тенок, рамен глас и се држеше за мажите како мал, сладок октопод“, се сеќава тој.

Бракот на Пола со Боб Гелдоф се распаднал во средината на 90-те години, кога таа се запознала со фронтменот на култниот бенд „ Инексес“. Поради него таа го оставила целиот живот кој го имала изградено во Лондон. Откако тој се самоуби со гушење во 1997 година во хотелска соба во Сиднеј, била очајна и сè почесто посегнувала по дрога, за да на 41 година да се предозира, со хероин, оставајќи ги зад себе ќерките Пичис и Пикси кои ги доби во бракот со Боб Гелдоф и малата Тајгер Лили од врската со Хаченс.

Пирс Морган го праша актерот дали се обидел да ѝ помогне по смртта на музичарот.
„Кога некој еднаш ќе скршне од патот, тешко е да го вратите на вистинскиот пат, бидејќи упорно ќе оди по погрешниот пат, без разлика што вие превземате. Да беше Мајкл Хаченс жив, мислам дека и Пола ќе беше денес со нас“, заклучи актерот во исповедта за необичната љубов и пријателство со водителката.

Share
Scroll to Top