Русите произведуваат замена за „вијагра“

Русите произведуваат замена за „вијагра“

пред 2 години

Руската индустрија и Министерството за трговија ги забрзуваат напорите за производство на таблети кои ќе бидат замена за вијаграта, откако американскиот производител минатата година го суспендираше извозот на лекот во Русија, пишува весникот Политико.

Американската фармацевтска компанија Виатрис, подружница на Фајзер, објави дека ќе ги запре планираните инвестиции и сите клинички испитувања во Русија поради инвазијата на Украина, но продолжи да извезува таблети за еректилна дисфункција.

Руското Министерство за трговија, сепак, објави дека минатата година добиле информации од Виатрис и за прекин на извозот на вијагра.

За да го надополни недостигот на лекови, според резултатите пријавени до Интефакс, руските компании имаат технолошки способности да произведат генерички лек што ја содржи супстанцијата силденафил, кој се продава под името на брендот Виагра.

Според податоците, 36 руски компании добиле потврда за регистрација за производство на рускиот таблет, за кој има огромна побарувачка.

Студијата, објавена од Комерсант, покажува дека во средината на 2022 година Русите купиле 2,7 милиони таблети против еректилна дисфункција, што е зголемување за 88 отсто во споредба со истиот период во 2021 година. Во првите три квартали од 2022 година, производството на лекот што содржи силденафил се зголеми за 11 отсто, додека продажбата пораснала за повеќе од 15 отсто.

Share
Scroll to Top