Серена Вилијамс и Роџер Федерер се враќаат на Австралија опен

Серена Вилијамс и Роџер Федерер се враќаат на Австралија опен

пред 3 години

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и американската тенисерка Серена Вилијамс, потврдија дека ќе играат на Австралија опен, што треба да се одржи од 8 до 21 февруари 2021 година во Мелбурн. Заради пандемијата со коронавирусот, почетокот на турнирот е поместен за три недели.

„Нашата Еш Барти, првата светска тенисерка и Роџер Федерер, кој паузираше поради повреда, потврдија дека се враќаат на Австралија опен и на тениските турнири“, изјави директорот на турнирот Крег Тили.

Во Австралија, Серена ќе се обиде да ја освои својата 24. гренд слем титула во кариерата. Роџер, пак, кој беше отсутен од тениските терени во поголемиот дел од 2020 година, поради две операции на колената, претходно изјави дека не е сигурен дали ќе учествува на турнирот во Мелбурн.

Тили кажа и дека учесниците на Австралија опен ќе бидат сместени во хотели што ќе бидат резервирани само за тенисерите, а тие ќе добијат дозвола да бидат надвор од хотелскиот комплекс само по пет часови на ден, за тренинг.

Share
Scroll to Top