Русија се закани дека ќе ја казни „Википедија“ ако не ги избрише лажните информации за Украина

Русија се закани дека ќе ја казни „Википедија“ ако не ги избрише лажните информации за Украина

пред 2 години

Рускиот регулатор „Роскомнадзор“ побара од „Википедија“ да ги отстрани „содржините со неточни информации од јавен интерес“ за ситуацијата во Украина. Регулаторот ја обвини „Википедија“ дека содржи лажни информации за она што Русија го нарекува специјална воена операција во Украина и за дејствата на руската војска.

Согласно рускиот закон, „Википедија“ може да биде казнета со сума до четири милиони рубли (48.120 долари) ако не ги отстрани „лажните информации“ кои ги посочи „Роскомнадзор“.

Минатиот месец, Русија донесе закон со кој известувањето за војната во Украина спротивно на верзијата на Кремљ може да се казни и до 15 години затвор, поради што речиси сите независни медиуми престанаа да работат.

Share
Scroll to Top