Саманта Џоунс- Модни парчиња кои ја одбележаа кралицата на стилот

Саманта Џоунс- Модни парчиња кои ја одбележаа кралицата на стилот

пред 3 години

Дали „Сексот и градот“ ќе успееше да доживее успех без познатата Саманта Џоунс?

Вестите за продолжението на серијата „Секс и град“ предизвика нов бран на љубов и обожавање спрема ликот и делото на Ким Картал – која, за жал, во новите епизоди нема да се појави. Саманта Џоунс е пример за неизвесност и храброст, а нејзината гардероба е склад со тоа: црвено од глава до пети, пресеци на стратешки места, чизми во пастелни бои – понекогаш и сè заедно.

„Кога би се грижела за тоа што секоја кучка во Њујорк мисли за мене, не би ни излегла од дома.“ Оваа нејзина реченица практично си сумира сите нејзини комбинации.

Ајде да се присетиме.

Блокирање со бои

Саманта отсекогаш носеше непоколеблив оптимизам во секој кадар.

Животински дезен

Кога сте Саманта, тогаш сакото со зеберсти шари се носи директно на голо тело!

Одела

Покрај целата нејзина спонтаност, Самата исто така беше и шефица која доста напорно работи. Таа има своја ПР агенција со голем број на одела во својот орман. Доста често со јарки бои, со препознатливи широки рамена и нагласен струк.

Големи шешири

Саманта носеше гигантски шешир од слама, а покрај него носеше и многу други во кои се заљубивме. Во Лос Анџелес носеше Муглер модел од архивата на дизајнерот.

Јарка сина боја

Оваа нијанса, која вечно ќе ја поврзуваме со модата од 2000-тите, инаку, тукушто се врати во мода.

Впечатлив накит

Ништо што Саманта ќе стави на себе не може да биде обично. Така и со накитот.

Мини-фустанчиња со длабоко деколте

Специјалноста на Саманта се мини фустанчињата со длабоко сензуално деколте и со што поголем шлиц.

Share
Scroll to Top