„Самотијата ме плашеше, затоа влетував од врска во врска“, Наташа Беквалац прозборе за двата пропаднати брака

„Самотијата ме плашеше, затоа влетував од врска во врска“, Наташа Беквалац прозборе за двата пропаднати брака

пред 3 години

Наташа Беквалац зад себе има три брака, две деца и вели дека конечно сфатила дека не ѝ треба маж и дека низ животот може да се бори сама.

– Не сум била со маж откако се породив по вторпат. Еве веќе две и пол години сум сама и ми годи што сум слободна. Секогаш мислев дека морам да имам некого крај себе за да бидам исполнета и среќна, а всушност сега се чувствувам подобро од кога било. Порано не умеев да сум сама. Самотијата ме плашеше, па можеби поради тоа влетував од врска во врска. Или некои ви рекле – од брак во брак. Сега сум зрела жена, па сфатив дека тоа не е добро. Доволна сум си на сама себе, рекла пејачката.

Признала дека не бега од нова љубов, но дека не ја бара по секоја цена. Како и дека ќе треба да помине уште некое време за да биде подготвена да сака некој маж.

Share
Scroll to Top