Само номинираните и презентерите лично ќе присуствуваат на Оскарите

Само номинираните и презентерите лично ќе присуствуваат на Оскарите

пред 3 години

Американската филмска академија најави дека поради пандемијата со короната, оваа година ќе го органичи бројот на луѓе што ќе ги следатдоделувањето на оскарите во сала. Покана за настанот ќе добијат само номинираните и презентерите на наградите, а тие со себе може да доведат само плус едно лице во придружба.

Претседателот на Академијата за филмски уметности и науки, Дејвид Рубин, во писмо испратено до речиси 10.000 члена на академијата, објаснил дека 93. доделување на наградите ќе биде поинакво од порано.

„Иако се надевавме дека пандемијата ќе биде во нашите ретровизори до април, здравјето и безбедноста на членовите на Академијата и номинираните за награди се наш главен проблем, затоа моравме да донесеме неопходни одлуки за некои од нашите очекувани настани во неделата на ‘Оскарите’“, стои во писмото на Рубин.

Веќе беше најавено дека 93. Оскари ќе се одржат на две локации и тоа во холивудскиот театар „Долби“ и од историската „Јунион стејшн“ во центарот на Лос Анџелес.

Share
Scroll to Top