Сандра Силаѓев ја откри разликата меѓу курва и чесна жена: Вчера во МКЦ се играше монодрамата „Дејт“

Сандра Силаѓев ја откри разликата меѓу курва и чесна жена: Вчера во МКЦ се играше монодрамата „Дејт“

пред 3 години

Во интимна атмосфера, вчеравечер српската актерка Сандра Силаѓев ја изведе својата авторска монодрама „Дејт“. Првпат пред македонската публика, Сандра во Вечери на женските права, беше вистински избор, оти не само што ја насмеа публиката до солзи, туку на идеален начин ја прикажа улогата на жената во општеството.

Сандра Силаѓев се претстави во улогата на средовечна дама и самохрана мајка Оливера Живковиќ, која излегла на закажан љубовен состанок со тип кој нема да се појави. И додека го чека со коктелот во рака, ѝ ѕвони телефонот, па ѝ се јавуваат, од најдобрата пријателка, до децата тинејџери, докторката за диета… Меѓу состанокот со типот кој го запознала на Инстаграм, па се радува на секој лајк на сторито што ќе ѝ го стави, таа ги чека наодите од лекар за да ѝ кажат дали има рак или не.

Оливера зборува за мајчинството, за тоа во каква положба е жената во денешното општество, зошто должината на фустанот и висината на потпетиците се секогаш обратно пропорционални со моралот. Дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка, разликата меѓу курва и чесна жена, како самохрана мајка го дои бебето и оди на работа во исто време. Сите недостатоци кои си ги бараат жените во себе… Оливера се чувствува како дама, баба-девојка, разведена, па и дури и како вдовица, иако никој не ѝ умрел. За жал сето тоа го сервираат категоризации и чудни односи меѓу љубовниците во 21 век.

Српската актерка Сандра Силаѓев со право го носи епитетот омилена меѓу публиката и дамите. Час и половина смеење на глас додека таа сама играше на сцената на МКЦ и долг аплауз и публика која ја поздрави на нозе. Најавена е уште една претстава, во скоро време. Монодрамата „Дејт “ беше во организација на Град Скопје и UN Woman.

Share
Scroll to Top