Српската поп ѕвезда Сара Јо со провокативен стајлинг се појави на музичкиот фестивал „Скале 2022“, кој е продолжение на познатиот фестивал „Сунчане Скале“ кој беше отворен на 26 јуни во Херцег Нови.
Пејачката за настапот одбрала целосно боди трико од познат светски бренд, а неговата цена е околу 20.000 денари. Стајлингот го надополнила со проѕирни сандали и мрежести чорапи. Комбинацијата Сара Јо ја комплетирала со црвен кармин.
Сара Јо го имаше нејзиниот препознатлив настап со провокативен танц на нејизните хитови.
Инаку, Сара Јо во Херцег Нови престојува заедно со нејзиниот дечко, кореографот Жига Сотлар, кој е задолжен за нејзината кореографија.