Саркофаг од римската ера откриен на плажа во Варна

Саркофаг од римската ера откриен на плажа во Варна

пред 5 месеци






Саркофаг од античко римско време е случајно откриен на плажа во близина на одморалиштето Свети Константин и Елена во Варна, соопшти бугарското МВР.

Поранешен полицаец го забележал саркофагот во близина на новоизградениот, но се уште нефункционален комплекс и го пријавил во Петтиот регионален оддел-Варна, пренесува Новините.

Увид на локалитетот извршија стручни лица од Археолошкиот музеј и претставник од Главната управа на „Инспекцијата за заштита на културното наследство“ при Министерството за култура.






Share
Scroll to Top