Сашко Коцев избран за најдобар актер на светски филмски фестивал

Сашко Коцев избран за најдобар актер на светски филмски фестивал

пред 3 години

Актерот Сашко Коцев е избран за најдобар актер на Фестивалот Social World Film Festival, кој се одржува во Берлин, Германија. Избран е во категоријата за најдобар интернационален краток филм, а наградата е за филмот „Налепница“ на Георги Унковски. Филмот „Налепница“ неодамна беше  избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас”.

Софискиот „Ин д палас” е меѓународен фестивал за краток филм, којшто е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за Оскар. „Налепница” по овој успех влегува во конкуренција за номинација на Оскар.

 

Во филмот се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија проблеми. Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.

Share
Scroll to Top