Сајмон Кауел ја запроси својата девојка Лорен на Барбадос

Сајмон Кауел ја запроси својата девојка Лорен на Барбадос

пред 4 години

Најпознатиот музички судија Сајмон Кауел ја запроси својата долгогодишна девојка Лорен Силверман. Според извор близок до парот, тој ја запросил за време на семејниот одмор на Барбадос, пренесуваат странските медиуми.

„Беше баш слатко. Убаво им е заедно“, изјави изворот.

Лорен и Сајмон се запознаа во 2004 година, додека таа беше во брак со со близок пријател на Сајмон. По разводот во 2013, истата година таа објави дека е во врска со Сајмон. Тој подоцна призна дека Лорен го изневерувала сопругот со него.

„Аферата не е нешто на што сум горд, ниту имав намера било кого да повредам. Тоа едноставно се случи“, изјави Сајмон пред неколку години.

Share
Scroll to Top