Светските лидери потпишаа глобален договор за надминување на пандемијата

Светските лидери потпишаа глобален договор за надминување на пандемијата

пред 3 години

Лидерите на 24 држави и Светската здравствена организација (СЗО) потпишаа заедничко отворено писмо во кое истакнаа дека на светот му е потребно глобално решение за надминување на пандемијата од коронавирусит и нејзините последици, токму како што беше потребно и за време на Втората светска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Писмото е објавено во голем број медиуми, вклучувајќи го и весникот „Телеграф“, а е напишано во пресрет на пораката на министрите за здравство на земјите Г7, кои наведоа дека пандемијата е болен потсетник дека никој во светот не може да биде сигурен додека безбедноста не биде загарантирана за сите.

Меѓу лидерите на 24 земји кои го потпишаа писмото се и британскиот премиер Борис Џонсон, францускиот премиер Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а го потпиша и генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус.

Потписниците ја повикуваат меѓународната заедница на итно ставање крај на изолационизмот и национализмот и за пропагирање на нова ера на солидарност и глобална соработка.

„Пандемијата на Ковид-19 е најголем предизвик со кој светот се соочува уште од 1940 година“, се наведува во писмото.

И во во екот на катастрофалните последици на светските војни во 1940. години светските лидери седнале и го договориле мултилатералниот систем со јасни цели за промоција на заедничкото градење мир, просперитет, здравствен систем и безбедност.

„Денес се негува иста надеж дека во екот на заедничката борба за надминување на пандемијата можеме да изградиме поцврста меѓународна здравствена архитектура која ќе ги штити идните генерации“, се наведува во писмото.

Во текстот понатаму се наведува дека своевидниот договор за пандемијата би требало да доведе до поголема меѓусебна одговорност и поделена одговорност, транспарентност и соработка во меѓународниот систем.

„Главна цел на тој договор би било постигнување ангажман на комплетната власт и целото општество, јакнење на националните, регионалните и глобалните капацитети и отпорност на идната пандемија“, се истакнува во писмото.

Тоа вклучува силно јакнење на меѓународната соработка за подобрување на системот, алармите, размената на податоци, истражување, и локално, регионално и глобално производство и дистрибуција на медицинските и јавните здравствени добра, како што се вакцините, лековите, дијагностиката и заштитната опрема.

Челниците на 24 држави и СЗО исто така порачаа дека сите земји мора да ја искористат приликата да се соберат како глобална заедница за мирна соработка со која ќе се надмине оваа криза.

Share
Scroll to Top