Популарната пејачка направи пауза од сите обврски.
Северина зад себе имаше работна година, таа беше целосно посветена на кариерата.
Сега таа одлучи да се одмори од сите деловни обврски, па јануарските денови ги поминува на Тајланд.
Пејачката е активна на социјалните мрежи каде покажа како ужива.
Таа сподели фотографии од плажа и ги воодушеви сите со својата витка линија и младешки изглед.