Секојдневни навики кои ги уништуваат ноктите

Секојдневни навики кои ги уништуваат ноктите

пред 3 години

Постојано сме во потрага по нови маникир трендови, но не знаеме дека и тие нема да изгледаат спектакуларно доколку ноктите ни се оштетени, искршени и слаби. Затоа е важно прво да се грижиме да имаме здрави нокти, а дури потоа за естетиката.

Често користење лак за коса

Ако секојдневно користите лак за коса, тоа може да влијае врз убавината и здравјето на вашите нокти. Можеби не сте свесни, но ноктите можат да се оштетат од лакот за коса. Лаковите содржат до 50% алкохол кој ги суши и прави ноктите да изгледаат слаби и кршливи.

Соединенијата во лакот за коса можат да го уништат секој лак за нокти, па често се користи за отстранување на лак од ткаенина.

Ги користите ноктите како алат

Некогаш отвораме лименки со ноктите, со нив ги одлепуваме налепниците со цена или правиме нешто многу потешко. Тоа може да доведе до кршење на ноктите и до оштетување, особено ако често ги користите ноктите како алат.

Отстранување на заноктиците

Заноктиците ги отстрануваме во салоните за убавина, затоа што тоа гарантира беспрекорен маникир. Но кога немаме гел на ноктите или некоја друга маникир техника, нашите нокти се изложени на бактерии и нечистотија.

Заноктиците можат да се воспалат, а ноктите можат сериозно да се оштетат. Наместо да ја сечете кожичката, замолете го својот козметичар да го отстрани вишокот кожа.

Доцните на маникир корекција

Одржувањето долги нокти може да биде навистина тешко, и проблематично за здравјето на ноктите. Доколку имате пократки нокти, тоа е секако поздрава варијанта. Долгите нокти можат да содржат нечистотија и бактерии и тие можат потенцијално да шират инфекции.

 

Гелот, надградбата, гел-лакот и сите останати техники можат негативно да влијаат врз здравјето на ноктите. Вашите нокти стануваат со текот на времето слаби, па се советува што почесто да ги одморате од професионален маникир.

Го оставате лакот за нокти подолго од што би требало

Некогаш едноставно немате време да им се посветите на своите нокти и го оставате излупениот лак да стои долго на ноктите. Ако го оставите со недели, дефинитивно ќе ги оштетите ноктите, зашто тогаш ноктите впиваат супстанци од лакот. Кога лакот ќе почне да се лупи, отстранете го и одморете ги ноктите.

Share
Scroll to Top