Речиси секој втор жител на Европска унија вели дека никогаш не вежба, ниту пак се занимава со спорт. Ова го покажало новото истражување направено меѓу испитаници кои живеат во државите членки на Европската унија.
Речиси секој петти испитаник, или 17% од нив одговориле дека вежбаат помалку од трипати месечно. Вкупно 32% од жителите на ЕУ, вежбаат најмалку еднаш неделно, а дури 6% од нив тоа го прават најмалку пет пати неделно.
Забележана е и географска разлика меѓу испитаниците и склоноста за било какво вежбање. Учесниците во истражувањето кои живеат во северните земји-членки на ЕУ се поактивни вежбачи.
Истражувањето покажало дека 71% од Финците вежбаат, 63% од жителите на Луксембург и 60% од Холанѓаните. Анкетата покажала дека физичка активност не се занимава ниту веројатно некогаш ќе се занимаваат 73% од Португалците, 68% од Грците и 65% од Полците.
Студијата покажала дека повеќето од физички активните жители на Европа се вработени, добро образовани и финансиски стабилни мажи.
Поразителен е податокот дека дури 49% од жените никогаш не вежбаат, во споредба со 40% од машките испитаници. Само 13% од лицата кои се со 15 години, или уште помлади го напуштиле школото, вежбаат најмалку еднаш неделно, во споредба со 42% од оние кои продолжиле да се образуваат барем до 20 година од животот или понатаму.
Само 22% од невработените испитаници вежбаат најмалку еднаш неделно во однос на 45% од менаџерите колку што редовно вежбаат еднаш неделно.
Анкетата покажала дека помала е веројатноста сиромашните лица, кои тешко ги подмируваат основите животни потреби, кои ги има околу 20%, редовно вежбаат секоја недела во однос на оние кои немаат такви финансиски потешкотии, или со нив речиси никогаш не се среќаваат (36%).
Недостатокто на време е главната причина која испитаниците ја наведуваат за да го оправдаат фактот дека не вежбаат (41%), а следно е и недостаток на мотивација или интерес (25%).
За време на пандемијата со ковид 19, поретко вежбала третина или околу 34% од испитаниците. 18% од нив сосема престанале да вежбаат, а 34% продолжиле со физичките активности со исто темпо. 9% од нив го зголемиле бројот на тренинзи.