„Сексот и градот“ се враќа со нов, родово неутрален карактер

„Сексот и градот“ се враќа со нов, родово неутрален карактер

пред 3 години

Американската ТВ-серија „Сексот и градот“, се враќа на ТВ екраните без Саманта Џонс, но со родово неутрален лик.

Ликот од небинарен пол, со назив Че Дијаз го глуми глумицата Сара Рамирез, којашто гледачите ја помнат како д-р Кали Торес од „Вовед во анатомија“. Таа родово неутрална личност, Кери, Миранда и Шарлот ќе ја дефинираат како „тие/нив“, според новите правила во англискиот јазик.

Темата на пандемијата Ковид-19 исто така, ќе биде дел од заплетот, открива Сара Џесика Паркер, која не само што ја има главната улога, туку овојпат е и продуцентка на серијата. Што се однесува до тоа дека Ким Катрал нема повторно да биде во улогата на Саманта, се вели дека нема да има замена за фамозната хероина.

„Не бараме човек за четвртата улога – си го имаме Њујорк! Ќе има еден куп нови ликови, само што никој од нив нема да биде во улога на „замена“ за Саманта“, вели Сара.

Новата серија „И, така…“ (And Just Like That…) првично ќе има 10 епизоди во траење од 30 минути.

Share
Scroll to Top