Фолк-пејачот Васил Атанасов кој почина пред еден месец, конечно е погребан во Германија. Неговата сестра Лидија објави на неговиот профил дека го погребале на 4 ноември на новите гробишта во Лудвигсбург, каде што Васил живеел 30 години.
„Им благодариме на македонската православна црква во Штутгард, св. Кирил и Методиј и на македонската музичка естрада кои го организираа погребот и со православен македонски поп од Минхен го погребавме брат ми. Тој многупати им свиреше на родендени и прослави“, рече Лидија.
За потсетување, семејството на Васил не можеше да го погребаат фолк-пејачот повеќе од 20 дена поради финансиски проблеми. Во Германија им бараа 5500 евра, додека од погребалното претпријатие во Македонија тие не добија никаков одговор.
Пејачот, кој долги години живееше во Германија, пред една година се разболел поради семејни проблеми, а од стрес завршил во болница, каде што бил и опериран. Набргу потоа се шлогирал и останал неподвижен.