Сергеј Трифуновиќ по 24 часа излезе од затвор. Актерот на 10 октомври по покана се пријавил во Јавното обвинителство, а како што пренесува српски „Телеграф“, вчера излегол на слобода.
На 10 октомври на покана на Стопанскиот суд се пријавил во Јавното обвинителство на улица Бачванска поради неплатена парична казна, по што веднаш по пресудата бил спроведен во затвор.
Зад решетки поминал само 24 часа, бидејќи веќе следниот ден некој ја платил казната за прекршокот што го направил и актерот бил пуштен на слобода.
„Сергеј вчера излезе од Централниот затвор, откако беше платена казната. Тој сам дошол по повикот на 10 октомври“, рече изворот за „Телеграф“.