Серијата за судењето на Џони Деп против Амбер Херд ќе има премиера во август

Серијата за судењето на Џони Деп против Амбер Херд ќе има премиера во август

пред 1 година

Нетфликс потврди дека нова документарна серија која се фокусира на судењето на Џони Деп против Амбер Херд доаѓа на платформата за стриминг ова лето.

Документарната серија од три дел е во режија на Ема Купер, чија цел била да прикаже „неутрален поглед на она што се случува кога судот на јавното мислење ќе почне да ја засенува реалноста“. За да се направи серијата, биле собрани 200 часа снимки од судењето за клевета, со видеа на Тик ток и коментари на Твитер за случајот.

„Серијата ја истражува улогата на социјалните мрежи во судењето, поставувајќи провокативни, непријатни прашања за тоа како разговорите надвор од судницата можеби влијаеле на исходот“, се вели во синопсисот.

Случајот заврши на 1 јуни 2022 година, кога седумчлената порота пресуди во корист на Џони Деп и ги отфрли наводите на неговата поранешна сопруга, која тврдеше дека Деп постојано физички и сексуално ја напаѓал. Судот на актерот му досуди отштета од повеќе од 10 милиони долари. Сепак, Амбер рече дека верува дека социјалните мрежи влијаеле на исходот на пресудата.

Серијата Деп вс Херд треба да има премиера на Нетфликс на 16 август во Соединетите Држави, а датумите на прикажување во другите земји допрва треба да бидат објавени.

Share
Scroll to Top