Сестрата на Меган рече дека Арчи го родила сурогат-мајка и дека Хари не му е татко

Сестрата на Меган рече дека Арчи го родила сурогат-мајка и дека Хари не му е татко

пред 3 години

Сестрата на Меган Маркл, Саманта тврди дека Арчи го родила сурогат мајка и дека принцот Хари најверојатно не му е татко. Семејните проблеми на војвотката од Сасекс јавноста ги гледа веќе со години, а сега се појавија и нови обвинувања од нејзината сестра.

„Верувам дека сурогат-мајка се уште им го нема предадено детето. Мислам дека треба серозно да се покажат доказите дека Меган го има родено Арчи. Исто така мислам дека Арчи не треба да ја има титулата, затоа што е од сурогат мајка“, рече Саманта.

Саманта рече дека нејзините тврдења ги темели на фотографиите од Меган и разликата во големината на нејзиниот стомак за време на бременоста.

„Погледнете ги само фотографиите кои ги има објавено, а на кои нејзиниот стомак е огромен наутро, а рамен навечер“, рече Саманта.

Медиумите пишуваат дека таа ја користи секоја прилика за да ја оцрни Меган и да ги открие семејните тајни пред венчавката со принцот Хари.

Таа тврди дека војвотката не ги има родено ниту Арчи, ниту пак Лили и дека децата немаат право на кралската титула.

„Нема ДНК докази дека Арчи е син на Хари и нема докази дека тој и Лили ги има родено Меган“, рече Саманта.

Нејзиниот адвокат пак неодамна излезе во јавноста и тврдеше дека профилот на Саманта бил хакиран и дека таа не ги напишала сите овие објави против Меган.

Извор/24часа.хр

Share
Scroll to Top