„Се гледаме во Ротердам“, вели Васил Гарванлиев по одлуката да ја претставува Македонија на Евросонг

„Се гледаме во Ротердам“, вели Васил Гарванлиев по одлуката да ја претставува Македонија на Евросонг

пред 4 години

Васил Гарванлиев, се огласи на социјалните мрежи, откако МРТВ потврди дека комисијата донесе одлука дека не се прекршени правилата на ЕБУ и дека тој ќе ја преставува Македонија на Евросонг.

“Се гледаме во Ротердам. Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, и позитивната енергија. Љубовта секогаш победува, а музиката допира. Заедно стоиме овде”, рече Васил Гарванлиев на  својот „Фејсбук“ профил.

Македонската јавност имаше бројни реакции за евровизискиот спот на Васил и за неговата изјава дека има и бугарско државјанство. Беа оформени петиции и за и против, Васил да ја претставува Македонија на Евросонг, па МРТВ оформи интерната комисија, која одлучи дека не се прекршени правилата на ЕБУ и дека Васил ќе пее во Ротердам. Од една страна за да нема доплнителни финансиски трошоци, а и да не се наруши угледот на МРТВ.

 

Share
Scroll to Top