Се молев 20 години да се смират со Бен, рече мајката на Џенифер Лопез среде емисија

Се молев 20 години да се смират со Бен, рече мајката на Џенифер Лопез среде емисија

пред 12 месеци

Мајката на Џенифер Лопез, Гвадалупе Родригез кратко се појави во емисијата „Тудеј“ на Ен-Би-Си, каде што нејзината ќерка беше гостинка за да го најави нејзиниот нов филм „Мајка“, кој наскоро ќе излезе на Нетфликс. Мајката на Џеј Ло зборуваше за нејзиниот зет Бен Афлек.

„Знаев дека овие двајца ќе се вратат заедно бидејќи се молев за тоа веќе 20 години“, рече Гвадалупе, коментирајќи ја разделбата на славната двојка во 2004 година. Џенифер во текот на шоуто истакна дека нејзиниот сопруг е одличен татко за нејзините близнаци Макс и Ема (15).

„Тој им е прекрасен татко и татковска фигура. Освен неговите три прекрасни деца, ние сме и сега тука и тој е фантастичен. Тој навистина добро го прифаќа предизвикот и тие го сакаат. Го ценат, како и јас“, рече Лопез.

Бен Афлек неодамна за време на гостувањето во шоуто на Дру Баримор изјави дека Џенифер Лопез е најубавата жена на светот. Холивудскиот актер откри и што прави неговата сопруга за да го задржи младешкиот изглед и кои се нејзините навики во исхраната.

„Ќе ти кажам нешто што ќе те вознемири. Џенифер само јаде што сака. Што сака. Јаде колачиња, пица, сладолед, сè”, изјави актерот, додавајќи дека неговата сопруга е „вистинска дама на самодисциплина“ и поминува многу време на вежбање.

Share
Scroll to Top