Се одвои парче од Сонцето, а научниците смируваат и велат дека е вообичаена појава

Се одвои парче од Сонцето, а научниците смируваат и велат дека е вообичаена појава

пред 2 години

Големо парче кое се оддели од Сонцето предизвика интерес во јавноста и медиумите. Професорот од Геодетскиот факултет во Загреб, Бојан Вршнак ја објасни причината и ја смири јавноста велејќи дека станува збор за вообичаен процес.

„Над поларната корона има полиња кои се на почеток на нов сончев циклус. Кога ќе почнат да се спуштаат надоле, целата магнетна конфигурација на Сонцето се менува. Над сончевата корона, кон половите на север и југ има области кои се поотворени за меѓупланетарниот простор и создаваат биполарна структура на магнетното поле на Сонцето. Она што е важно е дека на сончевата корона има соларни филаменти кои се групи на плазма во сончевата атмосфера кои се поладни од сончевата корона, кој има температура од милион степени или повеќе, додека филаментите се погусти и имаат пониска температура, тие се нешто поблиску до она што го нарекуваме хромосфера, најниските слоеви на атмосферата на Сонцето. Температурите таму се 10.000 степени и густината е повисока. Сето тоа условува погустата плазма која виси во магнетните полиња, односно ја спречуваат плазмата да падне назад кон Сонцето, да не лебди како облак. Овие испакнатини се стабилни, иако кога се акумулира премногу магнетна енергија, стануваат нестабилни и еруптираат. Ова се случува поретко отколку во активните области каде што има дамки, но овие ерупции исто така може да бидат драматични и бомбастични. Затоа што се работи за големи филаменти и тоа е причината што во медиумите се зборуваше дека дел од Сонцето пукна. Тоа, се разбира, не е точно бидејќи се работи за атмосфера, а не за цврста материја“, објасни професорот Вршнак.

Извор/Б92

Share
Scroll to Top