Се продаваат приватните острови на милијардерот Епштајн каде што организирал оргии и силувал малолетни девојчиња

Се продаваат приватните острови на милијардерот Епштајн каде што организирал оргии и силувал малолетни девојчиња

пред 3 години

Островите Малиот Сент Џејмс и Големиот Сент Џејмс, кои му припаѓале на починатиот милијардер Џефри Епштајн, се продаваат за 125 милиони долари, пишува „Волстрит џурнал“. Приходите од продажбата ќе се користат за решавање на тужбите и трошоците за недвижен имот на починатиот осуден сексуален престапник и педофил, изјави адвокатот Даниел Вајнер.

Островите, каде наводно Епштај бил домаќин на принцот Ендру, Бил Клинтон и Доналд Трамп, добиле различни имиња од локалното население, па ги нарекувале острови на гревот и педофилски острови.

Епштајн го купил Малиот Сент Џејмс во 1998 година. Островот зафаќа повеќе од 70 хектари, има хелиодром, приватно пристаниште, два базена, три приватни плажи и теретана. Потоа го купил Големиот Сент Џејмс во 2016 година.

Во времето на смртта на Епштајн, неговиот имот се проценувал на повеќе од 650 милиони долари, но поради бројните наводи за сексуална злоупотреба и сексуална трговија со луѓе, сега се проценуваат на помалку од 190 милиони долари. Околу 120 милиони долари веќе се исплатени од имотот на Епштајн на неговите жртви преку програмата за компензација на жртвите на Епштајн, која е затворена минатата година. До тогаш се исплатени обештетувања на приближно 135 тужители.

Вирџинија Робертс Џуфре, која зборуваше за годините на злоставување на Епштајн, претходно го спомнала Малиот Сент Џејмс во судските документи.

„Третиот пат кога имав секс со Енди беше оргија на приватниот остров на Епштајн на Американските Девствени Острови. Имав околу 18 години. Епштајн, Енди, околу осум други млади девојки и јас имавме секс заедно. Другите девојки изгледаа помлади од 18 години и навистина не зборуваа англиски“, рече таа тогаш, пренесува „Тајмс“.

Американскиот државен обвинител, кој се обиде да му ја одземе сопственоста на Епштајн врз Малиот Сент Џејмс, претходно го опиша островот како „совршено скривалиште и рај за трговија со млади жени и малолетни девојчиња за сексуално ропство, злоупотреба на деца и сексуален напад“.

Share
Scroll to Top