Латино-глумецот Вилијам Леви (41) и манекенката Елизабет Гутиерез (42) се разведуваат по 19 години брак. Веста за нивниот развод не ја изненади јавноста, бидејќи светските медиуми изминативе години пишуваа дека Вилијам постојано ја изневерува сопругата со која има две деца. Еден мексикански медиум тврдеше и дека Леви ја изневерил Елизабет со 80 жени, а таа, иако неколку пати го оставала, сепак му ги простувала неверствата.
„Сакаме да знаете дека по многу размислување донесовме одлука да ја прекинеме нашата врска. Ќе продолжиме да бидеме прекрасно семејство какво што сме и ќе бидеме најдобри можни родители на нашите деца. Тоа никогаш нема да се промени“, напишал глумецот на Инстаграм, но брзо потоа ја избришал објавата и ја заменил со нова: „Подготвен сум за ново поглавје во мојот живот“.
Вилијам и Елизабет се венчаа 2003 година и ги имаат синот Кристофер и ќерката Кејли.
Глумецот прво работеше како модел, а потоа почна да глуми во теленовели. Стана миленик на жените кога се појави во спотот на Џенифер Лопез за песната I’m Into You. Тој неколку пати беше прогласен за најсекси маж на светот, а бидејќи цело време за него се пишуваше дека ја изневерува сопругата, некои медиуми го нарекоа и најголем прељубник во светот.
Освен што Леви бил во врска со неколку глумици, на кои им ветувал дека ќе ја остави сопругата за нив, тој се соочи со проблеми кога малолетна девојка го обвини дека ја намамил во хотелска соба и имал секс со неа. Обвинението подоцна било повлечено, но Вилијам никогаш не негираше дека имал секс со девојката. Тој изјави дека таа го лажела за тоа колку години има.
Освен со неверствата, Леви го привлече вниманието на јавноста и откако банкротираше во 2016 година, а државата му ја конфискуваше куќата во Мајами. Според таблоидите, Леви банкротирал откако почнал да одбива улоги во теленовелите, оти сакал да глуми во холивудски филмови. Кога видел дека добива само споредни улоги во проекти што биле незабележани, и сфатил дека нема да стане ѕвезда, решил да им се врати на сапуниците.