Се роди и трето бебе лама во скопската зоолошка

Се роди и трето бебе лама во скопската зоолошка

пред 3 години

Во скопската зоолошка градина се роди и трето бебе лама. Ова е едно од педесетте нови животни што се родија во зоолошката во последниот месец. Оттаму велат дека е уникатно оти е во три бои.

dobivaj vesti na viber

„Пролетно имаме и трето бебе кај ламите, со уникатни шари. Добре дојде момче“, напишаа од зоолошката и објавија слика од приновата на Фејсбук.

Претходно во Скопје ЗОО се родија и три лавчиња, алпаки, две лами, патки, лемур, двогрба камила и многу други животни. За животните од скопската ЗОО пишуваа и светските медиуми, особено најпрестижните, и објавија слики од беби-бумот. Во интервју за „Репортер“ пиарот на зоолошката Тина Мицковска рече дека дури и тие се изненадени од бројот на нови животни, но дека и на нив најверојатно им годел периодот на карантин поради пандемијата, кога во зоолошката немаше многу посетители.

„Реткост е да се родат бели лавови во зоолошка. Тие се загрозен вид, ловците на трофеи ги убиваат и мислам дека во природата слободно шетаат уште 13“, рече Тина за „Репортер“. Таа ни откри дека бебињата лавови набргу ќе бидат пуштени во живеалиштето за да може да ги видат и посетителите, а дека дел од бебињата се веќе во своите нови живеалишта.

Share
Scroll to Top