Се смириле по 20 години, сега чекаат бебе: Пејачката на 44 години првпат ќе стане мајка

Се смириле по 20 години, сега чекаат бебе: Пејачката на 44 години првпат ќе стане мајка

пред 2 недели

Имаат убава љубовна приказна и конечно ја потврдија среќната вест.

Пејачката Ашанти (43) и раперот Нели (49) потврдија дека го чекаат своето прво заедничко дете и дека се вериле. Иако претходно се шпекулираше дека музичката ѕвезда е бремена, оваа среќна вест парот дури сега ја потврди со објава на социјалните мрежи.

„Оваа година е многу благословена, полна со љубов, надеж и исчекување. Мајчинството е нешто на што се радував долго време, а споделувањето на оваа среќа со моето семејство, вереникот и верните фанови е неверојатно искуство“, изјавија пејачката, која за прв пат ќе стане мајка.

Додека Ашанти со нетрпение го чека своето прво бебе, Нели има две возрасни деца со поранешната партнерка Шанета Валентин, ќерката Шанел (29) и синот Корнел (24).

Нели и Ашанти имаат интересна љубовна приказна.

Тие се запознале во 2003 година на прес-конференција како дел од Греми наградите. Тие беа во врска 10 години и раскинаа, а 20 години подоцна почнаа гласини дека се смириле – во април 2023. Само неколку месеци подоцна Нели потврди дека се во врска.

Share
Scroll to Top