Се укинува „дами и господа“, Луфтханза ќе ги поздравува патниците со родово неутрални термини

Се укинува „дами и господа“, Луфтханза ќе ги поздравува патниците со родово неутрални термини

пред 3 години

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави дека ќе го укине вообичаениот поздрав „дами и господа“ кој го кажуваше на почетокот на летот и наместо тоа ќе користи родово неутрални термини, откри портпаролот на компанијата. Ова ќе се однесува и на сите останати сестрински компании на „Луфтханза“, вклучувајќи ги „Остријан еарлајнс“, „Еуровингс“, „Свис“ и „Браселс“.

„За нас е важно да ги земеме предвид сите форми на обраќање“, рече портпаролот пред новинарите.

Изразите како „имајте убав ден“, „добра вечер“ и „добре дојдовте“, ќе може да се користат и понатаму, но одлуката за тоа ќе ја донесе секој шеф на екипажот пред почетокот на летот.

Share
Scroll to Top