СЗО ќе расправа за ефикасноста на вакцината на компанијата „Астразенека“ затоа што штити помалку од јужноафриканскиот сој

СЗО ќе расправа за ефикасноста на вакцината на компанијата „Астразенека“ затоа што штити помалку од јужноафриканскиот сој

пред 4 години

Светската здравствена организација ќе расправа за употребата на вакцината на британско-шведската компанија „Астра Зенека“, откако оваа вакцина е забранета во Јужна Африка, поради сомневања дека не е ефикасна за лицата над 65 години.

Вакцината против ковид-19 на „Оксфорд-АстраЗенека“ дава ограничена заштита од лесна форма на болеста предизвикана од јужноафриканскиот сој на вирусот, откриваат последните испитувања направени во компанијата.

Од таму велат дека сè уште не можат да кажат со сигурност дека вакцината штити од тешката форма на болеста предизвикана од овој сој на вирусот, кој има поголема преносливост. Во исто време, велат дека се убедени дека вакцината обезбедува заштита од посериозни случаи.

Таа создава антитела слични на оние произведени од други вакцини за коронавирус.

Испитувањата направени над 2000 луѓе, засега сè уште не се разгледани од рецензентите. Досега се откриени повеќе од 100 случаи заболени од јужноафриканскиот сој во Велика Британија.

Јужна Африка набави 1,5 милиони вакцини од „АстраЗенека“, на кои рокот им истекува во април. Британското министерство за здравство соопшти дека Јужна Африка само привремено престанала да ја користи вакцината.

„Јужна Африка ќе престане да ја користи вакцината АстраЗенека откако податоците покажаа дека обезбедува минимална заштита од лесна до умерена инфекција предизвикана од доминантната варијанта на коронавирусот во земјата.“ – изјави Едвард Аргар – британско министерство за здравство.

Портпаролот на „АстраЗенека“ изјави дека компанијата и Универзитетот Оксфорд почнале да ја прилагодуваат вакцината против јужноафриканскиот сој.

Од компанијата изјавија дека вакцината обезбедува добра заштита од британскиот сој кој првпат беше откриен во Кент, а сега е доминантен во Велика Британија.

Експертите велат дека, ако е е потребно, за неколку недели или месеци вакцините може да се редизајнираат и да се изменат за да бидат поефикасни за нови соеви.

Share
Scroll to Top