Силниот земјотрес во Хрватска ги поместил Сисак и Петриња и до 86 сантиметри

Силниот земјотрес во Хрватска ги поместил Сисак и Петриња и до 86 сантиметри

пред 4 години

Државната геодетска управа на Хрватска  направила контролни мерења на подрачјето на Петриња, Глина и Сисак по серијата силни земјотреси што го погодија регионот пред и околу Нова година. Тие утврдиле дека Петриња и Сисак се поместени и до 86 сантиметри по силните земјотреси, но дека имало и висинско поместување на територијата на Глина од 10 сантиметри.

„Врз основа на добиените резултати и анализата на координатите на постојаните точки од геодетската основа пред и по земјотресот, утврдено е дека најголемо поместување покажуваат точките на подрачјето на Петриња и тоа со средни вредности на поместување од 45 сантиметри во насока на југоисток, додека средните вредности на движење на Глина изнесуваат 10 сантиметри кон северозапад, односно 10 сантиметри кон североисток за подрачјето на Сисак. Исто така, утврдено е поместување од 10 сантиметри (спуштање на тлото) за подрачјето на Глина“, објави Цивилната заштита.

За потсетување, првиот земјотрес 6,2 степени ја погоди Хрватска на 29 декември, со епицентар на 3 км од Петриња, но се почувствува во целата земја, но и до Љубљана и Белград. По ова имаше десетици посилни и послаби потреси, а последниот земјотрес, од 3,8 степени е регистриран на 19 јануари. Во земјотресите беше причинета огромна материјална штета, а имаше и човечки жртви.

Share
Scroll to Top